Жолтица, позната и како пожолтување на кожата, се јавува кога црниот дроб повеќе не може да произведува билирубин, природна хемикалија произведена од црвените крвни зрнца, па се таложи во очите и кожата.
Црниот дроб е еден од најважните органи во телото бидејќи е одговорен за чистење и детоксикација. Овој орган треба да се напрега што е можно помалку, а тоа ќе го постигнеме со консумирање што повеќе течности и разновидно овошје и зеленчук.
Тој е одговорен за чистење на крвта, апсорпција на хранливи материи и производство на хемикалии кои овозможуваат нормални телесни процеси. Ако црниот дроб не работи правилно, може да има сериозни, па дури и фатални последици по здравјето.
Според Клиниката во Кливленд, задржувањето вода е најчестиот симптом на замастен црн дроб.
Жолтица, позната и како пожолтување на кожата, се јавува кога црниот дроб повеќе не може да произведува билирубин, природна хемикалија произведена од црвените крвни зрнца, па се таложи во очите и кожата. Ова е симптом на посериозно заболување на црниот дроб и може да доведе до откажување на црниот дроб.
Цирозата на црниот дроб може да се забави, но никогаш да не се прекине, па затоа е важно да се спречи состојбата. За да го заштитите здравјето на црниот дроб, вежбајте редовно, најмалку 30 минути на ден, јадете здрава исхрана и консумирајте алкохол во умерени количини.