Не фрлајте пари на скапи креми: Еден зачин ги „пегла“ брчките и го стопира стареењето преку ноќ

200
Foto: Unsplash

За среќа, постои начин како природно да го подобрите здравјето на вашата кожа. Имено, овој зачин ја намалува видливоста на фините линии и брчки и привремено го паузира процесот на стареење.

Се работи за феноменален анасон, а рецептот е многу едноставен за подготовка.

Состојки:

Една чаша вода
Грст семки од анасон
Мало тенџере
Подготовка:

Прво подгответе чај од семе од анасон. Потоа, почекајте чајот да се олади, процедете ја содржината и чувајте го чајот во чист сад.

Едноставно измијте го лицето наутро. Чајот втријте го на лицето, обрнувајќи посебно внимание на брчките. Чајот од анасон треба да ви помогне да се ослободите од сите брчки на вашето лице. Ова е најлесниот и најзгодниот начин да се ослободите од брчките по природен пат.

Треба да знаете дека брчките се природен и неизбежен дел од стареењето.

Причини за брчки и линии на вратот

Со побавен метаболизам, клетките на кожата не произведуваат влага колку што е потребно, па не успеваат да ги заменат еластинот и колагенот, што ја прави кожата цврста. Во овој момент се формираат брчки.

Постојат и други причини кои придонесуваат за формирање на линии и брчки на вратот.

Пушењето влијае на стареењето на кожата и губењето на тонот и бојата. Исто така, алкохолните пијалоци го дехидрираат телото, особено кожата.

Загадувањето на животната средина може да го принуди вашето тело да користи антиоксиданси како што е витаминот Е.

Недостатокот на сон и лошата исхрана, премногу шеќер го забрзуваат создавањето на брчки.

Корисни совети за намалување на брчките
Елиминирајте го шеќерот

Елиминирањето на шеќерот, особено на рафинираниот шеќер, е клучно за намалување на брчките. Познато е дека оваа состојка ја ослабува кожата и го уништува колагенот.

Јадете природна, органска храна

Овошјето и зеленчукот се богати со витамини, минерали и антиоксиданси. Амино киселините и протеините се исто така многу важни за здрава кожа. Оревите се одлична опција бидејќи се богати со витамини, минерали и протеини.

Јадете чоколадо

Јадете темно чоколадо кое содржи малку шеќер.

Лупење на кожата

Редовно правете пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Хидратација

Избегнувајте производи за кожа кои содржат нафта, фталати и парабени. Побарајте производи кои користат органски хранливи материи и навлажнувачи.

Витамин Ц

На кожата и треба витамин Ц за да ја одржи структурата и да го стимулира производството на колаген. Научно е докажано дека витаминот Ц ги намалува брчките и линиите, а истовремено ја штити кожата од сончевите УВБ зраци.

Природни совети
Еве 5 совети за нега на кожата за намалување на брчките на лицето и вратот:

Маска од авокадо

Авокадото ја хидрира, чисти и заштитува кожата. Содржи витамин Ц, кој ќе ја направи вашата кожа мазна и витамин А, кој го забавува стареењето.

Изгмечете едно авокадо и нанесете го на лицето. Почекајте десет минути и потоа исплакнете со топла вода.

Маска од краставица

Измешајте ги краставицата и јогуртот, нанесете на лицето и оставете петнаесет минути пред да ја исплакнете. Краставицата ја смирува кожата, додека јогуртот ја храни и хидрира.

Маска од јајца

Јајцата се одличен извор на протеини кои ги обновуваат ткивата, магнезиум кој ги стимулира клетките на кожата и калиум кој хидрира.

Измешајте ги јајцата со една лажичка сок од портокал и една лажичка куркума за да ја смирите кожата и да ги намалите темните дамки.

Мед и јогурт

Јогуртот содржи млечна киселина која ексфолира, а медот чисти и хидрира. Измешајте еднаква количина од состојките и нанесете на лицето. Оставете го да делува десет минути пред да го измиете.

Кокосово масло

Кокосовото масло има голем број на придобивки. Едноставно втријте малку масло на прстите и нанесете на пределот околу очите.

ИЗДВОЕНИ