НЕ Е САБОТАЖА! Русија не е вклучена во оштетување на каблите во Балтичкото Море

140
Фото: Screenshot

Оштетувањето на подводните кабли во Балтичкото Море, што ги вознемири европските безбедносни претставници во последниве месеци, најверојатно е резултат на поморска несреќа, а не на руска саботажа, потврдија за Вашингтон пост неколку американски и европски разузнавачи.

Овој заклучок го одразува новиот консензус меѓу американските и европските безбедносни служби, изјавија високи функционери од три земји вклучени во тековните истраги за серија инциденти во кои беа прекинати каблите што претставуваат критични енергетски и комуникациски линии во Балтичкото Море, пишува Вашингтон пост.

Американските и европските официјални лица рекоа, според весникот, дека досега собраните докази, вклучително и пресретнати комуникации и други доверливи разузнавачки информации, укажуваат на несреќи предизвикани од неискусни екипажи кои служат на лошо одржувани бродови и дека нема докази за руска вина.

Инцидентот во кој беше оштетен клучен подморски кабел во Балтичкото Море, се случи на крајот на минатата година. Во ноември пукна телекомуникацискиот кабел „C Lion 1“ меѓу Финска и Германија, како и комуникацискиот кабел меѓу Шведска и Литванија. Тогаш локалните власти се сомневаа дека за инцидентот е одговорен кинескиот товарен брод „Џи Пенг 3“.

Покрај тоа, на крајот на декември беше исклучен далноводот „Est Link 2“ меѓу Финска и Естонија, како и четири комуникациски кабли: три поставени меѓу Финска и Естонија и четврти што ја поврзува Финска со Германија.

ИЗДВОЕНИ