Иако метеоролозите најавуваат топло време за празниците, снегот секогаш би можел да не изненади, па затоа добро е да се знаат овие трикови за чистење на снегот.
Имено, ако снегот се залепи за вашата лопата, сѐ што треба да направите е да ја испрскате или премачкате и напред и назад со масло за јадење или со восок за јадење и снегот само ќе се лизне од неа.
Кога мислите да го посипете патот за да не замрзне, имајте на ум дека камената сол не треба да се користи на бетонски површини бидејќи може да ја влоши состојбата на пукнатините или да придонесе за распаѓање на површината. Подобар избор за посипување бетон е калциум хлоридот. Изберете пластична лопата за снег на тули и плочки бидејќи металните сечила може да ги оштетат. Исто така, држете ја лопатата половина сантиметар од земја додека го чистите снегот за да не ја оштетите површината на патот или дворот.
Кога го чистите снегот, држете ја лопатата поблиску до телото – ќе ви биде полесно, ќе го намалите притисокот, а со тоа и ризикот од повреда на рацете, рамената или грбот. Исто така, полесно е да го исчистите снегот со фрлање на страна, отколку со туркање на купот што постојано расте пред вас. И уште еден корисен совет, пред да го исчистите дворот и патеката од снег, прво исчистете го автомобилот за подоцна да не го покриете со снег она што веќе сте го исчистиле.
Исто така, доколку температурата е ниска, а сè уште има мраз, се препорачува да облечете чорапи преку чизмите. Според истражувањето на научниците, чорапите над чевлите се многу поефикасни од чевлите дизајнирани за одење по лизгав снег или мраз: „Се чини дека носењето чорапи над чевли е ефикасен и ефтин метод за намалување на веројатноста за лизгање по ледените патеки“, според една студија. И нозете ќе ви бидат потопли.