Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња и апсолутно сите аргументи се на негова страна, од бројот на недели на врвот на АТП-листата, бројот на грен-слем турнири (24), на мастерс титули (40), олимпискиот златен медал и подобриот резултат меѓу себе од најголемите ривали. Сепак, ако каже некој дека повеќе го сака Роже Федерер или Рафаел, разбирливо е. Далеку од тоа дека е грев.

Сепак, заедно со тоа мислење треба да се понудат и некои аргументи, кои би можеле да им парираат на оние на страната на Ѓоковиќ и досега на малкумина им успеа тоа. Обично се фокусираат на „што му недостига на Ѓоковиќ“ место да докажат зошто се подобри Федерер или Надал од него. Ги имаме и помладите, кои се „научени“ дека никој не може да го надмине Швајцарецот, без разлика колку рекорди му се соборени.

Сепак, најголем „победник“ од сите е францускиот тенисер Ришар Гаске, кој е толку „вљубен“ во Федерер и во Надал што одамна престана да внимава на успесите на Ѓоковиќ, правејќи се како ништо да не се случило во последните пет-шест години во кои Србинот воспостави апсолутна доминација. Времето застана за него.

Во интервју во 2022 година, поранешниот светски рекет број седум и освојувач на 16 АТП-титули во сингл рече дека не се сомнева во тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња и дека ништо не може да го смени тоа.

– Рафаел Надал е најдобар тенисер на сите времиња, без сомнение. Никој не може да се спореди со него. Исто така, никој не може да се спореди со Роже Федерер. Тоа е невозможно. Тие се двајцата најголеми шампиони во историјата на тенисот – рече Ришар Гаске, кој не ни погледна назад кон Новак Ѓоковиќ, кој во тој момент веќе ги имаше аргументите на своја страна.

Гаске не крие дека е „федерофил“, но може и опасно да претера, па една негова изјава од 2021 година и ден-денес е хит, бидејќи во обидот да го „одбрани Федерер од Новак, во дискусијата за најдобар тенисер на сите времиња предизвика сосема бесмислена расправија.

– Јас го гледам тенисот поинаку, отсекогаш сум велел дека во случај кога се изедначени или близу, бројот на грен-слем титули не се брои. На пример, ако еден тенисер има 21 грен- слем, а друг има 22 или 23, ние мора да зборуваме за естетиката и за сето она што го гледаме на теренот. Често го слушам тој аргумент дека најважен е бројот на грен-слем титули. Сепак, Федерер е најдобар, само видете ги неговите естетика и грациозност на теренот – процени Гаске.

 

 

ИЗДВОЕНИ