Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз уште на самите почетоци се најавуваше себеси како следната тениска сензација. На 21 година веќе има два трофеја на Вимблдон, а по еднаш ги освојуваше Ролан Гарос и САД Опен. Според аналитичарот Матс Виландер, не е добро за толку млад тенисер да ги комплетира сите четири трофеи на грен-слем турнирите пред сè за неговата мотивација.
„Ако Алкараз успее да го освои трофејот на Австралија опен, ќе значи дека со 21 година станал најкомплетен во историјата. Мислам дека тоа за него не би било добро. Не би требало на 21 година да постигнеш толку многу. Не треба толку млад да знаеш добро да играш на трева, земја и бетон, како и на најбрзите подлоги на светот и да победуваш… Карлос во мај ќе наполни 22 години и никогаш никој не бил така комплетен тенисер на тие години. Дури ниту Роже Федерер не беше, прокоментира Виландер.