Кошаркарите на Бостон поведоа со 2-0 во серијата против Орландо во рамки на првото коло од плејофот на Истокот, откако на домашен терен победија со 109:100. Натпреварот го одбележа страшната повреда на центарот на Бостон, Кристапс Порзингис. На крајот од третиот период, противничкиот кошаркар Гога Битадзе со лакт силно го удри Летонецот во челото, кој заврши на паркетот целосно крвав.
Kristaps Porzingis was born to play for the Boston Celtics.pic.twitter.com/rHqQHtMW5t
— 𝑩𝒐𝒔𝒕𝒐𝒏’𝒔 𝑩𝒖𝒓𝒏𝒆𝒓 (@Tatums0Burner) April 24, 2025
Тој мораше веднаш да ја напушти играта и се чинеше дека Селтикси повеќе нема да можат да сметаат на него на овој меч, сепак, храбриот Порзингис по ужаканата лекарска помош се врати на теренот. Со пет конци на челото и фластер повторно влезе во игра и го доигра мечот.
Kristaps Porzingis was bleeding from his head after an elbow from Goga Bitadze.
Bitadze was called for a flagrant 1 foul. pic.twitter.com/64nmKwESQZ
— SportsCenter (@SportsCenter) April 24, 2025
Бранителот на титулата го предводеше Џејлен Браун со 36 поени, 10 скока и пет асистенции, додека Кристапс Порзингис додаде 20 поени и 10 скока. За Орландо, Паоло Банкеро постигна 32 поени, заедно со девет скока и седум асистенции.
Третиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота, а домаќин ќе биде Орландо.
Инаку, со тешка повреда се здоби и кошаркарот на Голден стејт, Џими Батлер, кој уште во првата четвртина мораше предвреме да го заврши мечот. Ѕвездата на „воините“ имаше ужасен пад на паркетот по едно лошо подместување од Ејмен Томпсон, па ситуацијата беше до толку лоша, што Стеф Кари се фати за глава, знаејќи дека повредата е и тоа како сериозна. Сега заедно со сите соиграчи ќе биде во исчекување на медицинските тестови кои ќе дадат појасна залика околу сериозноста на повредата.
Во овој момент, сите фанови на Голден стејт се надеваат дека се работи само за контузија, бидејќи ако има скршеница, Џими ќе ја заврши сезоната во најважниот дел од разигрувањето. Инаку, Голден стејт го загуби овој меч со 109:94 на гостувањето кај Хјустон и сега е 1-1 во серијата до четири победи.