Кошаркарот на Милвоки, Боби Портис (30) е суспендиран на 25 натпревари откако бил позитивен на забранетата супстанција „трамадол“, објави НБА. Неговиот претставник Марк Бартелштајн тврди дека „трамадолот“ го земал по грешка.
- Потресен сум поради Боби бидејќи направи грешка, а последиците од тоа се неверојатно значајни. Боби ненамерно зеде лек против болки наречен „трамадол“, мислејќи дека зема лек против болки наречен „торадол“. Торадол е одобрен лек против болки што тој веќе го користел и кој тимовите и играчите повремено го користат за болка и воспаление. Трамадолот, сепак, не е одобрен лек против болки и беше додаден на листата на забранети супстанции минатото лето, изјави Бартелштајн за „ЕСПН“.