Сопствениците на НБА шампионот Бостон Селтикс го ставија клубот на продажба. Групацијата Boston Boston Basketball Partners LLC објави дека има намера да го продаде најголемиот дел од акциите оваа или на почетокот на следната година, а остатокот од акциите ќе ги продаде во 2028 година.
Вик Грусбек, чие семејство ја предводи сопственичката група, се очекува да остане на чело на клубот до комплетирање на продажбата.
Бостон минатиот месец ја освои 18. шампионска титула, откако во финалето го совлада Далас со 4:1.
Сегашните сопственици го купија Бостон во 2002 година од семејството Гастон за 360 милиони долари.
Минатата година Форбс го процени Бостон Селтикс на 4,7 милијарди долари, а пред него се само Голден стејт со 7,7 милијарди долари, Њујорк со 6,6 милијарди долари и Лос Анџелес Лејкерс со 6,4 милијарди долари.
Минатата година Феникс Санс беа продадени за четири милијарди долари, а потоа Милвоки Бакс беа продадени за 3,5 милијарди долари.
Инаку, падна уште еден рекорд во НБА лигата кога е во прашање овој клуб. Имено, најдобриот играч на Бостон, Џејсон Тејтум, го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА лигата. Како што пренесува добро информираниот новинар, Шамс Чаранија, Тејтум се договорил со Бостон за 314 милиони долари за продолжување на соработката до 2030 година.