Еден од подобрите НБА-кошаркари, Ентони Едвардс, заработи богатство играјќи во најсилната лига, па без проблеми ја плати целата алиментација за својата ќерка.

Беше законски обврзан да плаќа по 5.000 долари месечно, но тој реши да ги плати сите пари одеднаш. По тоа, ѝ рече на поранешната девојка да не го бара повеќе и да не го прашува ништо во следните 18 години.

Кошаркарот и претходно беше во центарот на скандал, бидејќи не сакаше да го признае детето, бидејќи Ајша Хауард беше во врска со раперот Лил Бејби.

Се покажа дека е негово детето, па откако ја заврши романсата со Ајша, остана да плаќа издршка до полнолетството, но реши да направи необичен потег со тоа што плати одеднаш.

Младата мајка сега е, сигурно, пресреќна. бидејќи одеднаш доби огромна сума на сметката, а Едвардс може целосно да се фокусира на кошарката.

Популарниот Мравка е член на Тимбервулфс од 2020 година, каде што е најдобар играч. Тој, исто така, се „истакна“ и со изјавата дека само Србинот Никола Јокиќ е подобар од него во НБА-лигата, иако неговите бројки покажуваат сосема нешто друго.

ИЗДВОЕНИ