Повозрасните љубители на кошарката сигурно се сеќаваат на поранешниот НБА играч Едвард Џонсон, познат како „брзиот Еди“. Тој беше фантастичен кошаркар, но светот ќе го памети само по грозоморните злосторства што ги направи во текот на кариерата, а и по неа.
Џонсон почина во затвор во 2020 година, а неговата приказна е пример за тоа како човек може да стане олицетворение на злото…
„Брзиот Еди“ во 2006 година беше осуден на доживотен затвор за монструозното злосторство што го направи. Тој брутално силувал осумгодишно девојче!
Бил осудуван преку 100 пати за разни кривични дела, а можело да се насети дека ќе биде проблематичен уште од мали нозе. Уште во студентските денови користел дрога, се обесвесувал по забави, а откако пристапила полицијата и го презела во свои раце, тврдел дека никогаш во животот не пробал наркотични средства.
Кариерата ја започна во Атланта, каде настапуваше од 1977 до 1986 година. Тој го доби прекарот „Брзиот Еди“ поради неговиот експлозивен прв чекор. За десет сезони во НБА, тој имаше просек од 15,1 поен, а во сезоната 1980/81 беше и дел од Ол-стар натпреварот.
Во меѓувреме му била дијагностицирана манична депресија и сам престанал да ги зема апчињата кои му биле препишани.
По Атланта, кратко играше за Кливленд, а потоа се пресели во Сиетл. Во 1987 година доби доживотна суспензија од НБА поради употреба на кокаин. Беше многу проблематичен. Имаше сериозни проблеми со депресијата, дури во една прилика се обидел и да се самоубие.
На крајот од кариерата два пати беше апсен за вооружени грабежи, а јавноста се шокираше кога се појави веста дека сексуално злоставувал осумгодишно девојче. Тој беше осуден на доживотен затвор, а почина зад решетки од непозната болест.
Неговите злосторства никогаш не смеат да се заборават!