НБА ас во замка за алиментација: Одбива да плати 10.000 долари, а заработува милиони

90
EPA-EFE/RHONA WISE SHUTTERSTOCK OUT

Џими Батлер е во центарот на хаосот и на теренот и надвор од него. Тој јавно кажа дека сака да го напушти Мајами, клубот го суспендираше и сега бараат идеално решение за негово заминување. Се споменува и трејд во Денвер кај Никола Јокиќ, но шансите за тоа се многу мали. Сега се појавија нови информации за него.

Тоа се работи од приватниот живот и детали во врска со алиментацијата. Тој и Кејтлин Новак имаат три деца – Рајли, Брајан и Киана. И според одлуката на судот, тој им плаќа 55.000 долари, но одбива да им плаќа уште 10.000 долари месечно за бебиситерка, бидејќи тврди дека не им треба.

Целиот случај заврши на суд и адвокатите на Џими изнесоа неколку тврдења, меѓу кои и дека Кејтлин одбива да најде работа.

„Мора да се нагласи и дека таткото и мајката никогаш не биле во брак, што значи дека мајката ги нема истите права како да е во брак со НБА кошаркар“, изјавиле неговите адвокати.

Двајцата почнаа да се забавуваат во 2019 година, но малкумина знаеја за нивната врска. Тие го добија своето прво дете, ќерката Рајли, во октомври 2019 година, синот Брајан се роди во 2022 година, а нивниот втор син Кијан во октомври 2023 година. Набргу по неговото раѓање, Кејтлин поднела тужба за утврдување на татковство и плаќање на издршка. Случајот потоа бил затворен во тајност, но околу една година подоцна повторно завршил на суд бидејќи побарала дополнителни пари за издршка за децата за да ангажира дадилка за децата.

„Мајката е невработена и одбива да најде работа, едното дете е веќе во градинка, таткото ги посетува и се грижи за децата како што е договорено, така што нема легитимна причина мајката да инсистира и двајцата да ја плаќаат дадилката. Двете страни беа на состаноци, се обидоа да ги решат нивните проблеми, но мајката одбива да се откаже од барањето и таткото да ја плаќа дадилката“, се наведува во образложението на судот.

Батлер добива 49 милиони долари од Мајами само оваа сезона, откако потпиша четиригодишно продолжување во вредност од вкупно 184 милиони долари во 2021 година. Тој во својата кариера играше за Чикаго, Минесота, Филаделфија и Мајами и само од договорите со тие клубови заработи вкупно 264 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ