Навивачите на ПСЖ во шок, Донарума преговара со друг клуб

270
epa11845967 Gianluigi Donnarumma celebrates winning the UEFA Champions League league phase soccer match between Paris Saint Germain (PSG) and Manchester City in Paris, France, 22 January 2025. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Фудбалерите на францускиот гигант ПСЖ го приредија најголемото изненадување во Лигата на шампиони откако во 1/8 финалната рунда го елиминираа англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Четата на Луис Енрике имаше повеќе среќа во пенал рулетот во кој клучна улога имаше Џиџи Донарума, кој одбрани два пенали.

На крајот, ПСЖ благодарение на Италијанецот успеа да се пласира во следната рунда од натпреварувањето, но славјето на парижаните не траеше долго, бидејќи се појавија информации дека тој може да го смени клубот на лето.

Донарума има договор со ПСЖ до летото 2026 година, а во Париз прават се за да ја продолжат соработката со него, но тоа не оди според планираното.

Италијанецот е решен да го дочека летото и да донесе одлука, а во ПСЖ го притискаат тоа да го направи побрзо за да знаат што да прават доколку одбие да го продолжи договорот.

Во случај на негативен одговор, ПСЖ има намера да го продаде веќе на лето за да не замине бесплатно, а француските медиуми пишуваат дека „алармот се вклучил“ во Париз бидејќи дознале дека Донарума „флертува“ со друг клуб.

Неколку медиуми ја пласираа информација дека Баерн (М) покажал огромен интерес за Донарума и дека Италијанецот го гледаат како вистинскиот наследник на Мануел Нојер, кој наскоро ќе се пензионира.

Наводно, на Донарума му се допаѓа повикот од Минхен и затоа го одложува продолжувањето на договорот бидејќи сака да види дали Баерн (М) има намера да го доведе во својот тим за време на летниот преоден рок.

Баварците воспоставија контакт и идеално сценарио за нив е на Донаруми да му истече договорот и тој да дојде бесплатно, но ако треба ќе го купат веќе на лето.

Иако Донарума е прв голман на ПСЖ, тој има намера да бара нов предизвик и наводно поканата на Баерн (М) е многу примамлива за него.

Иако на сцената е десет години, Донарума има само 26 години и сигурно би бил идеално решение за германскиот гигант за во иднина.

 

ИЗДВОЕНИ