Навивачите на Динамо (З) на фејсбук: Арсенал – Ристовски 3:0

1854
epa11845743 Gabriel (L) of Arsenal in action against Stefan Ristovski of Dinamo during the UEFA Champions League league phase match between Arsenal FC and GNK Dinamo Zagreb, in London, Britain, 22 January 2025. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Арсенал – Ристовски 3:0

Најтрофејниот хрватски клуб, Динамо (З), загуби со 3:0 од Арсенал во седмото коло од Лигата на шампионите. Стрелци беа Деклан Рајс во 2. минута, Каи Хаверц во 66. минута и Мартин Одегард во 91. минута. Со поразот на коло пред крајот на основниот дел од натпреварувањето, Динамо (З) има многу мали шанси да се пласира во нокаут фазата. Можеби не би му била доволна ниту победа во последното коло против калчо гигантот Милан на „Максимир“.

Натпреварот против Арсенал беше прв за Динамо (З) под водство на новиот тренер Фабио Канаваро. По натпреварот, навивачите на Динамо оставија бројни коментари на официјалниот фејсбук профил на клубот. Многумина од нив му дадоа подршка на тимот и тренерот, свесни за силата на противникот, но некои се револтирани од немоќта на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Тие ја истакнуваат нивната почит кон фактот дека популарниот Риле направи се за клубот, но и дека неговото време јасно помина.

„Куленовиќ цела утакмица ја мина на подот од беспомошност и незнаење. Колку и да е добар Бернауер со топка, толку е лош во одбраната. Риле, исто така да ти се заблагодарам, директно виновен за 2 гола и овој на крајот кога стоеше 2 метри зад дефанзивната линија. Другите се дури и солидни и покажаа желба. Ајде да се обидеме да се бориме со Милан и да победиме во ХНЛ. Овој натпревар беше само награда, ова е друг универзум!“, напиша еден фан на Динамо (З).

„Како што почна, си помислив, еве го пак Баерн (М). На крајот, ок. Не се посрамотивме, имам чувство дека сите дадоа 100%. Сепак, игравме против еден од најдобрите тимови во светот. која вреди околу милијарда евра. Раководството треба да си замине само затоа што му го продолжи договорот на Ристовски.  Најголемата добивка од овие 90 минути е кам-бекот на Мишиќ“, напиша друг фан.

„Секогаш кога Ристовски ќе ја допре топката, 10 фудбалски школи ги затвораат вратите. Благодарам и убав помин!“

„Ристовски да го подариме на Работнички, подобро да не дојдеше на натпреварот, сите 3 гола беа постигнати од неговата страна. Арсенал – Ристовски 3:0. Канаваро можеби е најдобриот избор, големо име, само треба да ослободете од неколку играчи“.

„Ристовски, Рог, Адеми и овој господин што го туркавтево репрезентацијата по 2-3 солидни партии, Куленовиќ, треба сами да си заминат од Динамо. Дајте им шанса на помладите момци, што и да се случи. Секоја чест за залагањето и борбата но ова е два света над нашиот“, се дел од коментарите посветени на македонскиот интернационалец.

 

 

ИЗДВОЕНИ