Научниците утвдија три години во животниот век на секој човек кога мозокот старее најбрзо

59
Фото:пекселс

Научниците утврдиле дека стареењето на мозокот го достигнува врвот на 57, 70 и 78 години.

Тие објаснија како дошле до ова откритие.

Во истражувањето, чии резултати беа објавени во стручното списание „Nature“, беа анализирани податоци од скенирање на мозокот на повеќе од 10.000 возрасни лица. Анализирани се промените во протеините во крвта.

Тие идентификувале 13 протеини поврзани со когнитивното опаѓање и откриле дека значајни промени во мозокот се случуваат на возраст од 57, 70 и 78 години.

Добрата вест е дека постојат начини на кои можете да го забавите стареењето на мозокот.

На пример, јадењето риба, мешунки, јаткасти плодови и интегрални житарки може да го спречи падот на когнитивните способности и да ја подобри меморијата. Лиснатиот зелен зеленчук е исто така преполн со есенцијални хранливи материи кои го подобруваат здравјето на мозокот. Сите овие намирници се вклучени во медитеранската исхрана.

Претходните истражувања сугерираа дека земањето дневно мултивитамини може да биде лесен начин за постарите возрасни лица да го спречат когнитивното опаѓање.

Секако, не треба да заборавиме на важноста на физичката активност.

ИЗДВОЕНИ