Најголемата санта мраз на светот А23а се наоѓа на 280 километри од Антарктикот, а научниците предупредија на можноста од судир меѓу сантата мраз и британскиот остров Јужна Џорџија, јави денеска Би-Би-Си.
Научниците тврдат дека тоа ги загрозува пингвините и фоките кои живеат на островот и истакнуваат дека животните масовно умирале од глад при претходните судири.
„Ледените брегови се самите по себе опасни. Би бил исклучително среќен доколку целосно не заобиколи“, изјави за Би-Би-Си капетанот на бродот Сајмон Валас.
Оваа планина се отцепи од дел на Антарктикот, познат како Филчнер, во 1986 година, но се заглави на морското дно и потоа беше заробена во океански вител.
Научниците често предупредуваат и за топењето на ледените брегови на Јужниот пол, кои некогаш покривале 3.900 квадратни километри, но најновите сателитски снимки покажуваат дека големината на континентот е 3.500 квадратни километри, пренесува Танјуг.