Научниците планираат вградување импланти во мозокот на алкохоличарите и наркоманите!

23

Група истражувачи од универзитетите во Кембриџ и Оксфорд, како и од Кралскиот колеџ во Лондон, планираат да вградат импланти-пејсмејкери во мозокот на зависниците од алкохол и дрога.

Целта е да се утврди како употребата на електрични импулси може да помогне во борбата против алкохолизмот и зависноста од дрога, објави Гардијан.

Оваа техника веќе се користи за да им помогне на пациентите да ги контролираат симптомите на Паркинсонова болест, депресија и опсесивно-компулсивно нарушување.

Сега групата истражувачи сака да користи длабока мозочна симулација за да ја зголеми самоконтролата на алкохоличарите и зависниците од дрога и да ја намали нивната потреба за алкохол и дрога.

 

ИЗДВОЕНИ