Научниците не мируваат со истражувањата: На Антарктикот е пронајден најстариот мраз на светот

28
Фото:википедија

Меѓународен тим на научници објави дека успеале да пробијат речиси 2,8 километри во антарктичката карпа, каде што добиле примерок од мраз стар најмалку 1,2 милиони години, пренесоа светските агенции.

Ова достигнување ќе даде клучни информации за еволуцијата на атмосферата и климатските циклуси на Земјата.

Според Карл Барбанте, координатор на проектот Beyond EPICA, анализата на мразот може да открие како се менувале концентрациите на стакленички гасови, хемикалии и прашина во атмосферата, пренесува N1.

Претходните примероци на мраз што ги доби тимот беа стари 800.000 години и покажаа дека дури и во најтоплите периоди од тоа време, концентрациите на јаглерод диоксид и метан не биле толку високи како што се денес.

„Денес гледаме нивоа на јаглерод диоксид за 50 проценти повисоки отколку што биле во кое било време во последните 800.000 години“, рече Барбанте.

Проектот „Beyond EPICA“ е финансиран од Европската Унија, а во неговата имплементација учествуваат научници од цела Европа.

Експертите се надеваат дека оваа работа ќе помогне подобро да се разберат климатските промени и улогата на луѓето во овие процеси.

ИЗДВОЕНИ