НАТО распоредува дополнителни 150 припадници во Македонија

137

Од денеска до 16 октомври, НАТО ќе распореди околу 200 припадници на новоформираните сојузнички сили за одговор (АРФ) на Западен Балкан, со цел да започнат со обука и да бидат подготвени да им помогнат на членовите на КФОР.

КФОР соопшти дека ова е првпат да се распоредат припадници на АРФ по формирањето на таа формација во јули годинава, а се додава дека ќе бидат распоредени 50 членови на Оперативниот тим за врски и извидување во рамките на АРФ во Косово, додека останатите ќе бидат распоредени во Македонија.

Распоредениот персонал ќе се обучи за одржување на високо ниво на подготвеност и тестирање на вештини и процедури за брзо распоредување. Еден дел од администрацијата на АРФ привремено ќе биде интегриран во командната структура на мисијата на КФОР, со задача да ги утврди логистичките, инфраструктурните и оперативните потреби на КФОР, што треба да претставува значително зајакнување на состојбата на КФОР, се наведува во соопштението.

Се додава дека АРФ е „стратешка, високо подготвена сила подготвена за делување на многу области“ и дека се во состојба да се распореди во многу краток временски период.