Шефот на НАТО алијансата рече дека е време да се „префрлиме на воен начин на размислување“, предупредувајќи дека членовите на воената алијанса не трошат доволно за да се подготват за заканата од иден конфликт со Русија.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека Москва „се подготвува за долгорочна конфронтација со Украина и со нив“, опишувајќи ја моменталната безбедносна ситуација како најлоша во неговиот живот.
„Не сме подготвени за она што доаѓа за четири до пет години од сега“, рече Руте во своето прво големо обраќање откако стана генерален секретар во октомври, повикувајќи ги членовите на зголемување на нивните трошоците за одбраната.
Неговите коментари доаѓаат неколку недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата, кој претходно сугерираше дека Соединетите држави нема да ги заштитат сојузниците од НАТО кои не трошат доволно за одбрана.