НАТО испраќа сили на границата со Русија

184
EPA-EFE/SIESE VEENSTRA

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте најави дека Алијансата има намера да го зголеми своето присуство во Балтичкото Море по инцидентот со електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија.

„Разговарав со финскиот претседател Александар Стуб за финската истрага за можна саботажа на подводни кабли. Изразив целосна солидарност и поддршка. НАТО ќе го зголеми своето воено присуство во Балтичкото Море“, напиша Руте на мрежата Х по средбата со финскиот претседател.

Тој најави и дека со финскиот лидер разговарал за напредокот на истрагата за инцидентот.

Финскиот електроенергетски оператор „Фингрид“ на 25 декември објави дека интерконекторот „ЕстЛинк 2“ меѓу Финска и Естонија е исклучен. Причината за дефектот е непозната.

Финската полиција соопшти дека истражува дали во случајот е вмешан странски товарен брод. Компанијата „Фингрид“ соопшти дека во моментот на прекин на кабелот во близина имало два брода.

ИЗДВОЕНИ