Делегации од Русија и САД се сретнаа во Истанбул и договорија чекори за финансирање на работата на амбасадите, како и можност за обновување на директните летови меѓу двете земји, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Преговорите, кои се водеа во резиденцијата на американскиот генерален конзул, траеја речиси шест и пол часа. Руската делегација ја предводеше директорот на Северноатлантскиот оддел на Министерството за надворешни работи Александар Дарчиев, додека американската делегација ја предводеше заменик-помошникот државен секретар Соната Култер.
– Се договоривме за заеднички чекори за да обезбедиме непречено финансирање на дипломатските претставништва на Русија и САД на реципрочна основа, како и да создадеме соодветни услови за извршување на дипломатските обврски – се вели во соопштението.
Исто така, на руската страна и беше предложено да се разгледа можноста за обновување на директните летови меѓу двете земји.