Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци

71

Oд СВР Струмица информираат дека насилникот од Радовиш е упатен на психијатриско лекување во Негорци.

– Во текот на 2024 година, во ОВР Радовиш од две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за телесна повреда и едно за загрозување на сигурноста“ кои се во целост расчистени и се поднесени соодветни поднесоци до надлежното обвинителство. На 27 март 2025, лицето е спроведено на лекување во Психијатриската болница во Негорци – велат од полицијата.

Статистиките од МВР за изминатите две години покажуваат дека пријавувањето семејно насилство бележи благ пораст. Но, доколку жртвата не даде согласност, насилникот не може кривично да се гони, како што е во случајот со насилникот од Радовиш, кого партнерката одбила да го пријави, што уште еднаш ја отвори потребата од измени во Кривичниот законик и кривичното дело телесна повреда при семејно насилство да се гони по службена должност.

ИЗДВОЕНИ