Во спомен на загинатите сограѓани во кобниот пожар во дискотеката во Кочани, Александар Коларов, Филип Стевановски, Александар Ефремов, Филип Ивановски, Дамјан Танески, денеска во Штип, во присуство на родители, сопруги, роднини, пријатели, другари и другарки, во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беше одржана комеморативна седница.
Нашиот град никогаш нема да биде како порано. Овие невини млади животи што згаснаа прерано, ни даваат патоказ како треба да живееме и правилно да ја градиме нашата иднина. Нивните лица, дела и енергија да ги запаметиме и секогаш да останат врежани во нашите мисли! Ова е порака која беше испишана за петтемина штипјани кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како чин на споделување и сочувствува со тагата, заедно со смејствата на починатите присутни беа и министерот за култура, Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, заедно со претставниците на локалната самоуправа.
Министерот Љутков изрази длабоко сочувство за петтемина загинати штипјани, истакнувајќи дека целата држава е длабоко потресено од болка, а загубата е голема, која што го потресе општеството до неговите темели.
Градоначалникот Јорданов искажа големо и длабоко сочувство и рече дека имињата на петтмината загинати штипјани долго ќе одекнуваат во мислиите на секого.
Сопруги, другарчиња, роднини, блиски соработници со скршено срце секој еден раскажа за големината на Филип Стевановски, Александар Лонгуров, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.