„Нашата цел е – повеќе, но и подобро платени работни места“: Муцунски оствари повеќе средби за време на посетата на ОАЕ

30

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати, денеска остварил повеќе средби.

Како што соопшти МНРНТ, Муцунски имал средби со претставници на стопанските комори, инвестициски фондови и со поединечни претставници на големи корпорации кои изразиле интерес за потенцијални инвестиции во државата.

Во фокусот на разговорите, како што информира Министерството, биле можности за инвестиции во инфраструктурата, туризмот и во рамки на технолошко-индустриските развојни зони.

– Нашата цел е јасна – повеќе, но и подобро платени работни места во нашата држава. Во наредните денови ќе објавиме една исклучително позитивна вест, која ќе значи многу за секој наш граѓанин, за економијата, трговијата и туризмот – изјави министерот Муцунски.

Тој додаде дека посетата на ОАЕ „носи конкретни и опипливи резултати“ и дека „Владата продолжува со истата динамика и посветеност во следните денови од посетата“.

ИЗДВОЕНИ