Наседнал на тешка измамa со криптовалути: Мислел дека тргува со биткоини, останал без повеќе од 34 илјади евра

4034

Полицијата во Осиек-Барања трага по непознат измамник кој преку лажно тргување со криптовалути оштетил 68-годишник од таа жупанија, за повеќе од 34.000 евра, извести полицијата во саботата.

Во периодот од јуни до септември непознатиот сторител контактирал со 68-годишникот и го довел во заблуда со лажно изнесување на фактите, па мислејќи дека тргува со криптовалута уплатил вкупно 34.500 евра на повеќе сметки.

Кога сфатил дека е измамен, 68-годишникот целиот настан го пријавил во полиција, а полицијата нагласува дека трага по непознат сторител.

Полицијата ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат податоците од банкарската картичка на сомнителни страници или апликации.

ИЗДВОЕНИ