Насадени 100 зимзелени садници во дворот на градинката „Детска радост“

142

Општина Гази Баба, по повод Денот на пролетта, во соработка со општествено одговорни компании, насади 100 нови зимзелени садници во дворот на градинката „Детска радост“ во Автокоманда.

– Со садењето на садниците, ќе се направи зелен појас покрај оградата на клонот „Темјанушка“ во населбата Автокоманда, кон главниот булевар – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека садењето нови садници ќе продолжи и во следниот период, на јавните површини насекаде во Општина Гази Баба.

 

 

ИЗДВОЕНИ