На Лазарева сабота, во Центарот за култура – Крива Паланка ќе биде промовирана книгата „Народни песни и обичаи од село Градец, Кривопаланечко и околните села“ од авторката Мира Георгиевска.
– Да се потсетиме и запознаеме со Лазарица, Бадник и Божиќ, Сирова, Додоле, свадбарските, соборските, трпезарските и други „Народни песни и обичаи од село Градец, кривопаланечко и околните села“ од авторката Мира Георгиевска. Над 150 песни и обичаи собрани во една книга кои раскажуваат за богатото фолклорно наследство од овој крај – информираат од Центарот за култура – Крива Паланка.
Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Зоранчо Малинов, научен советник, истражувач на народниот календар, обреди и верувања од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, а модератор Емилија Колевска.