Народната банка следејќи ги сигналите од расположливите високофреквентни податоци за економската активност во последното тримесечје од 2024 година, очекува годинава економски раст од 3,3% во 2025 година, кој пак, би достигнал 4% на среден рок. Ваквите прогнози банката ги темели на очекувањата за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти.

– Зголемената геополитичка неизвесност заради војните и конфликтите преовладува на краток рок, додека на среден рок, пак, посилната фокусираност на капиталните инвестиции, вклучително и на новиот план на Европската Унија за раст на Западниот Балкан, би ја зајакнала економската интеграција, којшто би ги подобрила економските изгледи на земјата – се наведува во Кварталниот извештај на Народната банка.

Таму се наведува дека реалниот БДП во третиот квартал од 2024 година бележи годишен раст од 3%, што е близу до очекувањата во согласност со октомврискиот циклус проекции. За целата 2024 година, основното сценарио од октомври претпоставува економски раст од 2,3%, но имајќи ги предвид официјалните процени за остварен раст во првите три квартали од годината од 2,6%, постојат изгледи за малку подобри остварувања од проекциите за целата 2024 година – се посочува во извештајот.

Од Народната банка нагласуваат дека ризиците околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани со цените на примарните производи на светските берзи, но и со одредени домашни фактори што делуваат врз побарувачката.

 

ИЗДВОЕНИ