Две пијателки, Амира и Џена, престојуваа во луксузниот хотел Плаза со поглед на Централ Парк, каде што Кевин престојуваше и во вториот дел од „Сам дома“ и нарачаа сладолед исто како што јадеше во популарниот божиќен филм. Но, набрзо ги дочека не толку пријатно изненадување.
Имено, 16 топки сладолед од ванила и чоколадо, украсени со шлаг, бонбони M&M, цреши и 3 дополнителни сосови со десертот чинат 500 долари (485 евра).
„Ова не може да биде реално“, напишале тие во описот на видеото, објаснувајќи дека се убедени дека уживањето ќе ги чини вкупно околу 100 долари, што според нив е скапо, но и прифатливо за искуството што сакале да го имаат. Но, останале во шок. „Не сум го ни гледал филмот“, рече една од нив, шокирајќи ги корисниците на TikTok со својата изјава.
После тоа објавија неколку видеа на кои се снимаа како јадат скап сладолед.
„Секогаш проверувајте го ценовникот во такви хотели, тој е буквално најскапиот хотел во Њујорк“, им напишал еден следбеник. „Да, ја научивме лекцијата на потешкиот начин“, ѝ одговори Амира.