Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најавува пролетна градежна офанзива во Скопје – Север, Бутел 2 и во Визбегово.
Тој информираше дека ќе бидат асфалтирани големи и клучни улици, ќе бидат реконструирани и изградени поголеми и помали паркинг простори, а каде што има простор ќе бидат изградени и нови катчиња за рекреирање.
Градоначалникот Костовски со својот тим е на терен, а во консултација со граѓаните се лоцираат главните потреби.