Поранешниот француски хирург Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 деца, пред судот изјави дека направил „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив.
-Направив одвратни работи. Целосно сум свесен дека овие рани ниту можат да зараснат, ниту да се избришат, изјавил 74-годишниот доктор на првиот ден од судењето, кое почна во понеделникот во францускиот град Ван, во провинцијата Бретања.
Deranged French surgeon isn’t denying raping and abusing 299 victims, mostly children, although he is fuzzy on the details.
Joël Le Scouarnec, I suppose, believes it is time for truth. Too late in my book…
He is on trial now.#France#AbuseOfPower pic.twitter.com/Du1ARnRkpq
— Jennifer Coffindaffer (@CoffindafferFBI) February 24, 2025
За време на четиридневното судење, Скварнек ќе се соочи со стотици свои жртви, од кои повеќето биле под анестезија и за тоа што им го правел дознале по децении од полицијата која имала увид во дневниците на Скварнек. Ако биде прогласен за виновен, на докторот му се заканува затворска казна до 20 години, покрај 15-годишната казна што веќе ја отслужува откако беше прогласен за виновен во 2020 година за силување на дете.
За време на претресот во неговиот дом откриени се повеќе од 300.000 фотографии, 650 видео фајлови со педофилска содржина, како и дневници во кои тој ги детализирал своите активности, покажуваат судските документи. Предмет на судењето се силувања што тој го извршил помеѓу 1989 и 2014 година врз 158 момчиња и 141 девојче, чија просечна возраст во времето кога биле злоупотребени била 11 години.