Направете совршени чоколадни брауни колачиња: Со секој залак, лава од чоколадо се топи во устата

26

Aко сте љубител на чоколадни колачи, тогаш чоколадните брауни се вистинскиот избор за вас. Многу лесно се прават, а вкусот е феноменален.

Состојки:

80 грама путер
350 гр чоколадо
120 гр шеќер
4 јајца
150 гр брашно
70 гр какао

Подготовка:

Чоколадото и путерот растопете ги на пареа и оставете да се изладат.

После тоа, во тавата се прелива шеќерот, па се додава едно јајце и се меша со миксер, а постепено се работи и со останатите три.

Потоа во таа смеса додадете го изладеното чоколадо и повторно со миксер соединете сè. Додадете суви состојки, брашно и какао.

Обложете мал плех со хартија за печење и истурете ја смесата. Се пече на 160 степени околу половина час.

Ако сакате чоколадни колачи кои се лесни за правење, можете да пробате рецепт за брауни кој се прави за 15 минути.

ИЗДВОЕНИ