Напнато во Србија: Полицијата се судри со демонстрантите во Нови Сад

585

Во Нови Сад, пред Факултетот за спорт и физичко образование, од денеска изутрина е тензично. На повик на деканот Патрик Дрид, кому студентите и насобраните граѓани не му дозволија да влезе во универзитетот, дојдоа интервентната единица и жандармеријата, при што во неколку наврати имаше инциденти.

Околу 11 часот, жандармеријата, во полна опрема за демонстрации, почнала да ги потиснува студентите и граѓаните кои стоеле на влезот од универзитетот, но не успеала да ја пробие блокадата по што фрлила солзавец, а биле користени палки.

Според Н1, притоа се повредени четири лица, а една студентка е пренесена во болница. Исто така, еден маж е приведен.

Час-два подоцна жандармеријата го извлекла деканот, но насобраните демонстранти не сакале да го пуштат, прскајќи го со вода и фрлајќи јајца по него.

 

 

ИЗДВОЕНИ