Напаѓачите на Пендиков во Охрид добија по 8 месеци затвор – мотивот „омраза“ не е докажан

30

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но за судот, мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.

Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.

Пендиков тврдеше дека го нападнале затоа што се чувствувал Бугарин. Тој со претседателски авион беше однесен на лекување во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу двете држави. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство.

ИЗДВОЕНИ