Нападот во БиХ прогласен за тероризам: Тинејџерот кој уби полицаец „бил склон кон екстремизам“

42

Полициската истрага во Босанска Крупа заврши откако малолетник уби еден полицаец, а друг тешко рани во полициска станица. Аднан Бегановиќ, портпарол на МВР на Унско-санскиот кантон, изјави дека истрагата ќе ги утврди точните причини и мотиви за овој чин.

Од Обвинителството рекоа дека опишаниот настан има карактеристики на кривично дело од член 201 од КЗ на ФБиХ, односно „тероризам“. Истрагата се уште трае за да се утврдат причината и мотивот – изјави Бегановиќ.

Напаѓачот влегол во полициската станица и прво со нож нападнал полицаец, кој веднаш им подлегнал на повредите. Потоа го нападнал другиот, кој бил тешко повреден и веднаш бил пренесен во Кантонската болница „Д-р Ирфан Љубљанкиќ“, и е во стабилна состојба.

Порталот Кликс наведува дека пред нападот на полициската станица, напаѓачот испраќал чудни пораки до познаниците во кои се збогувал со нив. Оние кои го познавале наведуваат дека бил склон кон верски екстремизам.

На улиците на Босанска Крупа од рано изутринава има голем број полицајци, на терен се припадници на Специјалната единица, униформирана полиција, како и инспектори на МВР УСК. Напаѓачот веднаш бил уапсен.