Седуммина студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти у блокади“.
Како што изјавија, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците.
„Една студентка беше турната по скалите и падна на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Брза помош беше пренесена во болница за да и биде укажана прва помош“, напишаа студентите.
View this post on Instagram
По инцидентот непознати лица пристигнале со возила за да ги отстранат доказите од Правниот факултет, велат студентите.
„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“, изјави дежурниот лекар од Итна медицинска помош.Студентите бараат лицата кои ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.
Pravni fakultet: “Prema informacijama koje trenutno imamo od svedoka, uhapšeno je samo jedno lice od navodnih šest lica koji su učestvovali u večerašnjem napadu na studente!” pic.twitter.com/d6kX9vUZDz
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
На снимката објавена на истиот Инстаграм профил се гледа како полицијата апси едно лице осомничено за учество во нападот врз студентите.
„Според информациите што во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина кои учествувале во вечерашниот напад врз студенти“, напишаа студентите во блокадата на Икс.
Во Србија студентите блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети, барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде на 1 ноември 2024 година се урна настрешница на Железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.