Нападите и уцените доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите

33

Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односно енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат – во џебот на граѓаните“, одговори претседателката на ЛДП Моника Зајкова на нападите на дел од членството кои вчера најавија и нејзина смена.

„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.
Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е.

Според Зајкова, потребна е стратегија за да се постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.

Инаку, дел од членовите најавија формирање иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на ЛДП за, како што велат, „промена на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата“.