Напад со нож во Чешка: Тинејџер уби две жени во продавница

55
screenshot X

Две лица се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија денеска официјални лица.

Полицијата соопшти дека уапсила осомничен кој утринава со нож избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, на околу 100 километри источно од Прага.

Првично беше соопштено дека две лица се повредени, од кои едно потешко, но на крајот беше објавено дека двајцата починале.

Ниту напаѓачите, ниту жртвите не се идентификувани.

Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за јавноста

Мотивот за злосторството засега не е познат , соопшти полицијата, додавајќи дека во близина на продавницата е пронајден нож со сечило долг околу 20 сантиметри.

Истрагата за нападот е во тек, а полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема повеќе опасност за граѓаните.

ИЗДВОЕНИ