Најмалку две лица загинаа, а едно е тешко повредено во напад во средно училиште во Спишка Стара Веса во Словачка, кога ученик од тоа училиште со нож ги нападнал учениците и наставниот кадар, објави порталот Та3.
Напаѓачот С.С., 18-годишен ученик е уапсен, откако полицијата издаде негова слика и побара помош од јавноста за лоцирање.
At least two people have been killed at a school in eastern #Slovakia after a student attacked people with a knife, broadcaster TA3 reports.https://t.co/NmnZ4NfwmT
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) January 16, 2025
Претходно полицијата соопшти дека 18-годишникот кој го изврши нападот е во бегство и дека по него е распишана потерница.
Повеќе екипи за итни случаи се на терен. Според потврдени информации, две лица загинаа, а едно лице е во критична состојба. Се уште не е познат бројот на други повредени, изјави Данка Чапакова, портпарол на Спасувачката здравствена служба на Словачка, пренесува Танјуг.
Министерот за внатрешни работи на Словенија, Матуш Шутај Ешток, го осуди нападот врз учениците, додавајќи дека излегол на местото на трагедијата и изразил сочувство до семејствата на жртвите.