Ако има нешто во светот на модата во кое никој не се сомнева – тоа е дека Наоми Кембел со златни букви ја напиша историјата на моделството.
Годините минуваат, но Црната пантерка сè уште гордо чекори по модните писти и во својата шеста деценија повторно и повторно ни докажува дека и нема рамен, а прашање е дали некогаш ќе го има.
View this post on Instagram
Очекувано, Наоми Кембел одлично се снајде во својот последен ангажман, овој пат ја краси насловната страница на зимското издание на „V Magazine“, а за таа фотографија заслужна е фотографката Солве Сундсбо, но и оние внатре во магазинот.
Фотографиите се едноставни и зрачат со безвременска елеганција, а во исто време се проткаени со сексипилност и моќна енергија на Наоми.
View this post on Instagram
На сите фотографии легендарната супермодел позира во црно од глава до пети, а вамп креациите ги потпишува италијанската модна куќа Dolce&Gabbana.
View this post on Instagram