Наоми Кембел им одржа лекција за сексапил на младите сили – се знае која е главната ѕвезда/ВИДЕО

193
Фото: Instagram

Легендата на светската модна сцена Наоми Кембел продолжува да им држи лекции за сексапил на своите млади колешки.

Синоќа тоа го направи на ревијата на брендот DSquared2 за време на модната недела во Милано.

54-годишната дива се појави во црно боди во стил на кожна јакна и црни високи чизми.

Косата и беше кадрава.

На ревијата се појавија и нови сили, како Ирина Шајк. Сепак, беше јасно која е главната ѕвезда на вечерта.

Наоми го издржува тестот на времето, а многумина се согласуваат дека никогаш нема да има друг модел кој ќе го достигне нејзиното ниво.

ИЗДВОЕНИ