Кендрик Нан ќе потпише нов договор со грчкиот кошаркарски гигант, екипата на Панатинаикос, вреден 4,5 милиони евра годишно.

Според СДНА, со тригодишниот договор ќе заработува 4,5 милиони евра годишно, што го прави најплатен играч во Европа. Исто така, се известува дека договорот не содржи никакви опции во врска со можно заминување во НБА.

Нан е МВП на финалето на грчкото првенство и играч од првата симболична петорка на Евролигата.

Годинава, тој бележи 20,3 поени, 4,1 асистенција и 3,6 скока, во просек, на натпревар.

ИЗДВОЕНИ