Наместо со кафе, денот започнувајте го со зелена лимонада – ги исфрла вишокот течности и ги топи килограмите

73

Да се ​​започне денот со кафе не е идеална опција. Речиси секој возрасен кога станува од кревет, првото нешто што го прави е да си подготви  кафе.

Многумина мислат дека не можат поинаку да го започнат денот и му придаваат големо значење на овој пијалок. Но, пиењето кафе рано наутро на празен стомак е ризично за вашето здравје.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината“, објасни нутриционистката и лекарка Карлин Розенблум за порталот PureWow.

Наместо кафе, идеална замена е зелената лимонада. Тоа е комбинација од магдонос и лимон кој помага во исфрлање на вишокот течности и токсини од телото, а може да поттикне и подобра функција на мочниот меур.

Состојки:

1 лимон
60 гр магдонос
60 ml вода

Овaа напивка се пие на празен стомак.

Се препорачува да се пие 6 дена, а потоа да се направи пауза од 10 дена и повторно да се почне со пиење.

ИЗДВОЕНИ