Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 60м. на планинскиот превој Плетвар, од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Пресека, соопштуваат од Македонијапат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.