„Намалена подготвеноста на Америка“: Предупредување на критични последици од војните во Украина и на Блискиот исток

72

Конфликтите во Украина и на Блискиот Исток резултираа со значително намалување на залихите на американската противвоздушна одбрана, а тоа може да ја намали подготвеноста на САД да одговорат во индо-пацифичкиот регион, изјави командантот на американската Индо-пацифичка команда, адмирал Самуел Папаро.

Тој посочи дека американските залихи на оружје за противвоздушна одбрана значително се намалени по испораката на американските ракетни системи Патриот, како и на некои ракетни системи воздух-воздух на боиштата во Украина и на Блискиот Исток, пренесе Ројтерс.

Во суштина, тоа ја намалува подготвеноста на Америка да одговори во индо-пацифичкиот регион, што бара најголемо количество и квалитет на муниција бидејќи Кина е најспособниот потенцијален противник во светот“, наведе Папаро.

САД ја испорача најголемата воена помош на Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година, како и на Израел од почетокот на војната во Појасот Газа од октомври минатата година и за израелската војна против либанската милитантна група Хезболах, која од крајот на септември годинава се прошири на копнена операција.

САД и обезбедија воена и финансиска помош на Украина во износ од речиси 85 милијарди евра, а ЕУ во износ од повеќе од сто милијарди евра, пренесе Дојче веле.