Популарната актерка Сиднеј Свини (27), која ја сметаат за најжешка актерка на денешницата, веќе неколку години е во врска со претприемачот Џонатан Дејвин, кој е 14 години постар од неа. Тие се верија во 2022 година, но сега се шират гласини за нивна разделба.

Веста која не ги израдува нејзините фанови се појави само еден месец откако беше објавено дека ја одложуваат својата венчавка која ја планираа за мај оваа година.

Шпекулациите ги поткрепува и тоа што актерката била сама на модната недела во Париз, иако досега главно биле неразделни, па обожавателите на познатата ѕвезда заклучуваат дека врската моментално е на „конец“.

Според ТЗМ, Сиднеј Свини од февруари престојува во хотел, каде што свршеникот не и се придружува, а поголемиот дел од времето го поминува со пријателите.

ИЗДВОЕНИ