Се поголем е бројот на спротистки кои се појавуваат на сајтот за возрасни „OnlyFans“, се со цел да заработат дополнителни приходи за живот. Меѓу нив, своја сметка отвори и поранешната ВНБА ѕвезда и една од најдобрите кошаркарки во светот, Лиз Кембиџ.

Австралијката која е висока 206 сантиметри и професионално игра од 2007 година, се раздели со клубот од Лос Анџелес Спаркс и моментално е член на кинескиот Сечуан Хуанда. Сепак, се чини дека најважниот „потпис“ го направи со приклучувањето кон „OnlyFans“, бидејќи тоа и се исплати многу повеќе отколку нејзината професионална кариера.

Познато е дека договорите на кошаркарките се далеку послаби од оние што ги потпишаа нивните машки колеги, па така најпрофитабилната сезона на Лиз и донесе 221.450 долари бруто. Сега може да се пофали со заработка од над милион и пол долари, а во исто време, не мора напорно да тренира и да игра натпревари.

Лиз Кембриџ вели дека не се одлучила на овој потег само од финансиски причини, туку сакала да ја покаже на светот својата друга страна.

  • Кошарката беше само дел од мене. Се обидов да изградам нешто ново. Јас сум човек кој не затвора ниту една врата, започна Австралијката.

Инаку, и претходно беше склона кон провокативни објави, а истото го направи и на Инстаграм. Така таа објави видео на кое е во долна облека, со следнава порака: „Кој сака да биде мој на Денот на вљубените? Не сакам чоколадо и бонбони, доволно сум слатка“.

Во едно интервју таа го објасни својот став:

  • Јас сум спортистка висока 206 сантиметри и сакам да водам љубов. Јас сум човечко суштество и ова е она што го правиме. Изгледа како спортист не можам да бидам заводлива, дека не ми е дозволено да бидам таква. Се што сака општеството од мене е да седнам, да бидам тивка, да тренирам и да играм. Сакам да бидам жена! Цел живот ми кажуваат да се фокусирам на спортот, но на крајот јас сум жена и се борам за поголеми работи од спортот, порача Кембиџ.

Лиз Кембиџ има широка база на обожаватели ширум светот, некои се шокирани од нејзината одлука да им се придружи на „Onlyfans“, а многумина ја поддржуваат.

ИЗДВОЕНИ