Една од најубавите фудбалерки во светот, Хрватката Ана Марија Марковиќ (25) го живее својот сон откако пристигна во Португалија, но сега доживеа ситуација која ја расплака.
Репрезентативката на Хрватска веќе извесно време е во врска со португалскиот фудбалер Томаш Рибеиро. Таа игра за Брага, а нејзиниот партнер беше член на Виторија Гимараеш. Двата града се оддалечени само 30 минути со автомобил.
Сега Ана на социјалните мрежи објави видео од аеродром каде видно вознемирена се збогува со своето момче. Имено, Томаш го напушта Гимараеш и оди во Фаренсе, кој е оддалечен 600 километри.
„Понекогаш го мразам фудбалот“, вели Ана Марковиќ, на која очигледно и е тешко што сега ќе биде многу подалеку од својот сакан.
„Томас ми подготвуваше појадок секое утро, ми готвеше, се грижеше за мене. Сега сум сам и морам да готвам сама. Позитивна работа во сето ова е што Томаш се уште живее во Португалија, ако сакам да го видам, можам да го видам“, изјави убавата Хрватка.
Сепак, не и оди најдобро на теренот, бидејќи од доаѓањето во Брага одигра само четири натпревари и помина само 176 минути во игра.
„Со толку мала минутажа би било чудно да сум среќна, но морам да дадам се од себе и да го поправам тоа, тоа е мојот најголем предизвик во кариерата“, изјави Ана.
Таа играла во Швајцарија, а токму таму го запознала сегашното момче, додека тој престојувал во Цирих. Хрватската фудбалерка е родена во Сплит, но се преселила во Швајцарија кога имала 12 години и сериозно почнала да се занимава со фудбал на 14 години.
Заедно со Алиша Леман моментално е позната како една од најубавите фудбалерки, а се чини дека и на двете им оди многу подобро на социјалните мрежи и во медиумите отколку на зелениот терен.