Познатиот готвач и слаткар, Пол Холивуд, ги знае сите тајни на источната кујна, па откри дека во рецептот за баклава обавезно вклучува една посебна состојка – розина вода.
Оваа благородна течност, која е направена од „дамаск“ рози, ја дава таа фантастична арома што го исполнува целиот дом кога се подготвува ова омилено слатко. Пол вели дека само една лажица розина вода е доволна за полна тава баклава.
Неговиот рецепт за баклава се базира на кори што тој самиот ги развива, од половина килограм брашно, 2 јајца и околу 150 грама маснотии (половина може да биде путер, а половина растително масло).
Меѓутоа, во тестото додава и околу 150 мл грчки јогурт и 1 лажица бело вино. За растегнување, посипете ја површината со пченкарно брашно, за подобро да се одвојат корите.
Во филот става 700 гр јаткасти плодови, половина ореви и половина ф’стаци.
При полнење, дури 400 гр путер. Сепак, финалето е сирупот што тој го прави од мед (350 гр.) и шеќер (150 гр.), со додавање на розина вода и кора од лимон.